Емболо им пресуди на своите: Швајцарија запиша важна победа против Камерун

Репрезентацијата на Швајцарија имаше успешен старт на шампионатот во Катар каде во првиот меч од денешната програма го доби Камерун со 1-0. Клучниот момент се случи во 48 минута кога Шаќири испрати топка во шестнаесетникот, а истата ја искористи Емболо кој ритунски го матираше Онана. Напаѓачот на Монако не го прослави овој гол и покажа почит кон земјата во која е роден и во која се уште живее неговиот татко.