Публиката се согласи: „Ова е најубавата куќа на славните“

Актерката Ема Робертс ја отвори вратата од својот дом во Лос Анџелес за „Architectural Digest“. Домовите на одредени познати личности често изгледаат ненаселени, но домот на Ема секако не спаѓа во таа категорија. Оваа куќа, во која моментално живее со синот, актерката ја купила во 2022 година.