НБА топ 5: Чудесен кош на Пол против Далас, МекГи му украде топка на Дончиќ за контра и супер забивање

Две средби се одиграа во плејофот во НБА лигата и на истите победи остварија домашните екипи, Мајами Хит ја надигра Филаделфија со 106-92, додека Феникс Санс во својот дом беше подобар од Далас Маверикс со резултат 121-114. Од пресметките во Мајами и Феникс беа избрани најдобрите потези кои добија место на најновата топ листа која носи пет мајстории. Во прв план се играчите на Феникс, но имаме и акции кои се дело на Хит и Филделфија. Уживајте!