Симпатичниот Канте со своето „Мини“ го напушти стадионот, а фановите збеснаа кога помина покрај нив

Енголо Канте важи за еден од најхаризматичните фудбалери во светот на фудбалот, а воедно се смета и како еден од најдобрите играчи во средината на теренот. Омилениот играч на Челси беше херој на двомечот со Реал Мадрид во кој одигра два натпревари без никаква грешка и со право беше посочен и од странана УЕФА како најдобар играч на двете средби. По крајот на вчерашниот натпревар, Канте го напушти стадионот на Челси со својот скромен автомобил „Мини Морис“, а кога помина покрај фановите тие знаеја како да го поздрават за неговите херојски изданија оваа сезона.