Суарез примени нова валкана техника, Џо Кол издоминира: Има напредок, од гризење се префрли на…..

Луис Суарез имаше навистина лоша ноќ како цел тим на Атлетико Мадрид, бидејќи искусниот Уругваец потполно се претопи во сивилото на лидерот во шпанската Примера кој не испрати ниту еден директен шут кон голот на Челси во сите 90 минути. Стоперот на Челси не беше премногу воодушевен од валката техника која одново ја примени „Ел Пистолеро“ на еден фудбалски терен, бидејќи специјализираните англиски емисии го „уловија“ моментот кога Суарез го гребеше и штипеше својот противник. Ридигер не беше импресиониран и директно му забележа за тоа, но главниот судија немаше шанси да го забележи сето ова поради луцидниот начин на кој искусниот напаѓач го испровоцира стоперот.