Да не е прерано? Режисерот Мајкл Беј претстави филм за Ковид-23

Songbird“ е новиот филм на Адам Мејсон кој настанал во соработка со Мајкл Беј, а истиот веднаш по објавувањето на трејлерот ги подели мислењата на публиката. Приказната се одвива во 2024 година во која мутиран облик на коронавирус, наречен Ковид-23, го пустоши светот. Трејлерот прикажува дека светот е заробен во пандемија веќе 4 години и дека има 8,4 милиони смртни случаи годишно. Тој веќе доби низа негативни оцени, а луѓето сметаат дека никој не сака да гледа ваков филм во овие моменти.