Градоначалник ограбен додека давал изјава на телевизија во живо

Градоначалникот на градот Вентимиља, северозападна Италија, бил „ограбен“ во директен пренос на телевизија. На видеото кое веднаш стана хит на интернет, новинарка разговарала за редот и безбедноста во градот, кога одненадеж крадец му го украл палтото кое му било оставено на клупа. По шокот, градоначалникот одговорил на прашањето за безбедноста, па на шега ја замолил ТВ екипата да му ја надомести загубата.