Силно невреме го погоди Истанбул

Невреме вчера го погоди турскиот град Истанбул - обилниот дожд, грмотевици и град предизвикаа помали поплави и хаос во сообраќајот, а на терен излегоа и противпожарните екипи, како и спасувачки тимови.