Хаос на кошаркарски меч во Украина: Од зад грб му удри бокс на противникот, па цела екипа му се пушти да го тепа

Дуелот меѓу украинските екипи Одеса и Тернопил требаше да биде од пријателски карактер, но наместо надигрување мечот го одбележа тежок инцидент, тепачка меѓу двете страни во четвртата четвртина. Се започна со еден удар под кошот за потоа да настане вистинска мешаница, размена на удари… и кога сите мислеа дека ситуацијата се смири, да дојде до втора рунда.