Славонски Брод и околината денес беа погодени од големо невреме кое носеше покриви од куќи и рушеше дрвја. Како што пренесуваат хрватските медиуми, оштетена била и Железничката станица, а бројни стебла биле срушени на повеќе места. Наврнало 17 литри дожд на метар квадратен, а во еден момент бил регистриран налет на ветар од 49 километри на час.