Кинезите одвај дочекаа да излезат во природа

Наглото враќање на секојдневието доаѓа по повеќе од три месеци од откривањето на коронавирусот во кинескиот град Вухан. Вирусот се проширил низ целиот свет, заразени се повеќе од милион луѓе, а животот во Кина бил речиси сопрен за да се спречи ширењето на вирусот. Додека владата полека ги намалува рестрикциите, кинеските експерт за здравство ги повикуваат жителите да останат внимателни.