Филипче: Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Куманово

Во Куманово медицинска сестра вработена на Клиниката за пулмологија дошла на работа без симптоми, за вчера, да има зголемена температура и да биде позитивна на коронавирусот. Министерот Венко Филипче истакна дека во изминативе два дена, медицинската сестра работела со заштитна опрема, но интервјуирани се нејзините колеги кои имале контакт.