Видео кое стана вирален хит: Имобиле покажа како го храни својот мал син

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, кој беше убедливо најдобар стрелец во Серија А до прекинот на сезоната поради коронавирусот, нѝ пренесе едно урнебесно видео од домашниот карантин. Имобиле го насамари својот мал син кој чекаше да биде нахранет од својот татко, но наместо тоа, беше комично изигран и со своите преискрени и симпатични реакции стана вирален хит на социјалните мрежи.