Најбрзо апсење во историјата! Украла пакет, па била уапсена за 19 секунди

Сме виделе многу снимки од крадци од САД и Канада, како од куќниот праг крадат пакети кои куририте ги оставаат. Ова видео од Едмонтон, сепак е посебно, бидејќи крадецот е уапсен во експресен рок. На снимката се гледа како девојката приоѓа до куќата и краде подебел коверт. Кога заминува, се појавува полициско возило, а полицајците и ставаат лисици и ја приведуваат.