Ако некој воопшто се сомневаше во неговите квалитети: Халанд за 56 минути постигна 5 гола

Младиот норвешки репрезентативец во зимскиот преоден рок премина од Ред Бул Салцбург во Борусија Дортмунд. Многумина се прашуваа дали може иста форма да пренесе од австриското во германското првенство, а тој им одговори со 5 гола во 56 минути.