Спасени четири бебиња верверички кои паднале од дрво

Четири малечки верверички, три машки и едно девојче паднале од дрво на падините на Водно, биле спасени од совесен граѓанин и сега се наоѓаат во Зоолошката градина во Скопје. За нив се грижат вработените во зоолошката, ги хранат со шприц, а тие спијат на топло, завиткани во зимска капа.