Имате состанок во банка - и наеднаш од горе ви паѓа змија

Во кинескиот град Наниг, додека вработените во една банка имале состанок, од таван им паднал питон. Тие велат дека е втор пат да се случи ваков инцидент. Сепак, откако избегале во паника, се јавиле во зоолошка градина, од каде дошле и ја прибрале големата змија.