Лидери на албански синдикати се степаа во телевизиска емисија

Лидерите на двата албански синдиката со тепачка ја завршија телевизиската дебата што се емитуваше во живо. Во дебатата на ТВ „Скан“ претседателот на Конфедерацијата на синдикатите на Албанија, Кол Николај, беше нападнат со тупаници од страна на претседателот на Синдикатите на рударите, Фикири Џибри, а тој потоа возврати.