Габриела од Хрватска го изгубила синот поради ТикТок предизвик, па била малтретирана во психијатриската болница како Кристијан
„Докторката ја стави водата на ноќното шкафче, кое беше можеби два метра од креветот. Јас ѝ реков: ‘Не можам да стигнам до водата бидејќи сум врзана’. Таа ми одговори: ‘Тогаш гледај ја’“, вели Габриела Станиќ од Самобор и открива како била малтретирана неколку часа откако го пронашла безживотното тело на синот.








