Најубавиот божиќен пазар во Европа се отвора утре

Божиќниот пазар пред базиликата „Свети Стефан“ во Будимпешта се отвора овој петок, 13 ноември и ќе трае до 1 јануари 2027 година. Четири пати ја има освоено титулата за најдобар божиќен пазар во Европа, а годинава повторно го зазеде првото место во изборот на порталот „European Best Destinations“, кој го прогласи за најубав божиќен пазар во Европа за 2026 година.