Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат
Во масовни верижни судири на бугарскиот автопат Тракија, рано утрото беа загинати пет лица, а десет лица се сериозно повредени. Неколку десетици возила учествуваа во две одделни несреќи во близина на Зимница-Драганци. На местото на настанот се мобилизираа итни служби, а неповолните услови во сообраќајот придонесоа за несреќите.








