Дејвид Швимер го врати култниот црвен џемпер од „Пријатели“: Во новата реклама го бара низ Њујорк
Актерот Дејвид Швимер, познат како Рос од серијата „Пријатели“, во новата празнична реклама тргнува во потрага по црвен џемпер низ Њујорк, 25 години откако истото парче облека откри еден од најголемите пресврти во серијата. Рекламата во времетраење од 60 секунди, насловена „The Red Sweater“ (Црвениот џемпер), ја сними модниот бренд „Quince“.








