Летото е идеално за лесни салати што ќе ви ја дадат потребната доза енергија без дополнителни калории. Мирисот на тазе печена пченка е незаменлив симбол на летото, па искористете го ова сезонско јадење во целосен оброк – салата со макарони и зеленчук. Здравствените предности на пченката се многубројни. Покрај тоа што не содржи глутен, пченката е и добар извор на растителни влакна - половина од едно парче содржи околу три грама растителни влакна. Помага во борбата против високиот холестерол и го регулира крвниот притисок. Богата е со витамин Ц, магнезиум, Б витамини, а здрава е затоа што има многу малку маснотии - помалку од еден грам во едно клавче.