Доколку сте дама која внимава на својот изглед и сакате секојдневно да изгледате поинаку и оригинално за време на летниот одмор, односно при престојот на плажите, во продолжение погледнете колку е едноставно од само една марама и една алка, да направите дури шест различни фустани!

Купете само една голема марама и една нараквица по избор, пластична, метална или дрвена и со малку креативност, дизајнирајте најразлична гардероба. Всушност, никогаш полесно не било да си направите необичен фустан без ракави, луд фустан за на забава, фустан кој се врзува околу вратот и какви ли уште не...

Сите овие комбинации можете да ги направите сами, а од видеото во продолжение погледнете како се прави тоа!
