Истражувајќи ја улогата на некогашниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, во граѓанската војна во Шпанија, новинарот и публицист, Жељко Зиројевиќ наишол на потполно непозната фотографија на Тито.
Како што пренесува „Глас јавности“, фотографијата не е интересна само по тоа што открива дека Тито бил припадник на меѓународните сили во Шпанија, туку и поради тоа што на фотографијата тој е целосно гол.
Станува збор за автентична фотографија која во 1961-та година е објавена во Зборникот на шпанските борци. Книгата за брзо време била повлечена од пазарот.

„Точно е дека Јосип Броз Тито на петти мај 1952-та година, на новинарите од американскиот "Life", им рекол дека на кратко ја пoсетил Шпанија и поминал еден ден во Мадрид. Другиот факт кој не е спорен, и претставува научен и доказен материјал, говори за тоа дека Тито заради преземање и целосна контрола над КПЈ морал прво да се ослободи од Благоја Паровиќ Шмит, кој во 1937-та година, кога бил ликвидиран, бил предвиден за генерален секретар на КПЈ“, наведува Зиројевиќ.
Тој навел дека фотографијата насловена „Југословени кои се капат“ на која се наоѓа Тито целосно гол во 1939-тата година исчезнала од францускиот воен логор во кој престојувале меѓународни сили.