Улогата на креативните маркетинг агенции е активно да помагаат во растот на бизнисите и да создаваат дополнителна вредност за брендовите.
Тоа го прават преку комуникација која храбро излегува од рамките на невообичаеното, која привлекува внимание и ги поттикнува луѓето да размислуваат поинаку.

Токму таква беше и активацијата “The Publicis Drugstore” на Publicis Groupe Македонија, поставена за време на самитот Macedonia 2026. “The Publicis Drugstore” претставуваше креативен pop-up простор, каде бизнис предизвиците беа претставени како „симптоми“, а комуникациските решенија како „третмани“ за раст, видливост, релевантност и трансформација на брендовите и бизнисите.

Посетителите можеа да се запознаат со специјално дизајнирани „производи“, секој од нив симболизирајќи различен сегмент од експертизата на Publicis Groupe Македонија.
„The Publicis Drugstore” не е само инсталација, тоа е рефлексија на начинот на кој Publicis работи, веќе 30 години, помагајќи им на брендовите да растат, да се трансформираат и да останат релевантни.

Оваа година Publicis Groupe во Македонија одбележува 30 години постоење, а 100 години во светски рамки. Следува јубилејна година низ која компанијата ќе ја раскажува својата приказна - три децении идеи што инспирираат, силни деловни партнерства и трајно влијание на македонскиот и регионалниот пазар.

















