Победа на турскиот народ: Ердоган се откажа од паркот Гези?

Точка

14/06/2013

14:08

3.533

Големина на фонт

а а а

Претставници од групата "Солидарност за Таксим" доцна вчера разговарале со турскиот премиер откако претходно го одбиле неговото "последно предупредување" да се повлечат од истанбулскиот парк Гези.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се согласил да ги откаже плановите за преуредување на истанбулскиот парк Гези, епицентарот на двонеделните антивладини протести, а демонстрантите го поздравиле ставот на премиерот и го оценуваат како "позитивен".

"Позитивен исход на вечерашните разговори е тоа што премиерот рече дека проектот нема да продолжи пред конечната судска одлука", рекол портпаролот на групата "Солидарност за Таксим", која се смета за главен претставник на демонстрантите.


Агенцијата AFP оценила дека ветувањето за почитување на судската одлука се смета за победа на демонстрантите, кои одбиле да се повлечат од паркот по понудата на Ердоган за одржување на референдум за преуредување на паркот.

Според овие планови, на местото на паркот со околу 600 стебла треба да се изгради реплика од касарната од времето на Отоманската империја.

По четиричасовниот состанок на Ердоган со претставниците, заменик премиерот Хусеин Челик изјавил дека владата ќе ја почитува судската одлука за прекинување на проектот и дека ќе инсистира на одржување на референдум.


"Меѓутоа, демонстрантите сега треба да ги прекинат демонстрациите", предупредил Челик.

Се очекува овој судски процес да трае неколку месеци.

Челик изјавил дека во тек е истрага за прекумерната полициска употреба на сила. САД и другите западни земји го критикуваа Ердоган за начинот на кој се справува со демонстрантите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг