Застрашувачкo предупредување на Ердоган: Протестите ќе завршат за 24 часа

Нетпрес

13/06/2013

10:08

1.499

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Турција предизвика бран од меѓународни критики поради упатеното застрашувачко предупредување кон демонстрантите кои го презедоа центарот на Истанбул во последните две недели, објавувајќи дека демонстрациите против неговото владеење ќе завршат за 24 часа, пишува весникот „Гардијан“.

Ултиматумот на Реџеп Таип Ердоган, ги разгори тензиите во Турција по вчерашниот релативно мирен ден, што следеше по масовните напади со солзавец на единицата за борба со безредијата во центарот на Истанбул.

„Ние не одговоривме на ударите со удари. Отсега силите за безбедност ќе реагираат различно. Ова прашање ќе заврши за 24 часа“, рече Ердоган, по средбата со претставниците на демонстрантите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг