Ѓорѓиевски со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа

Макфакс

06/10/2026

16:15

129

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари средба со делегација од Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, каде се разговараше за напредокот и јакнењето на локалната самоуправа во Македонија, како и за заедничките напори за подобрување на услугите за граѓаните.

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, составена од Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гисин од Швајцарија, коизвестувачи и членови на Конгресот, како и Ивета Реинхолде, експерт за Европската повелба за локална самоуправа, и претставници на Секретаријатот на Конгресот.

На средбата се разговаравше за напредокот на локалната самоуправа во Република Македонија, за јакнењето на општините и за заедничките чекори кон поквалитетни услуги за граѓаните.

– Ја истакнав значајната финансиска поддршка што општините ја добиваат од Владата за реализација на инфраструктурни проекти. Тоа е поддршка што се преточува во нови улици, подобра инфраструктура и решавање на потребите на граѓаните. Унапредената соработка со министерствата и новиот Меморандум меѓу Владата и ЗЕЛС се цврста основа за уште повеќе заеднички резултати. Ја нагласив и нашата посветеност на натамошна децентрализација, финансиски посилни општини и поефикасна локална администрација. Преку партнерски однос со Владата, продолжуваме да работиме на решенија што ќе им овозможат на општините побрзо и поуспешно да одговараат на секојдневните потреби на граѓаните. За мене, успехот на секоја соработка се мери со она што граѓаните го чувствуваат во својот живот – уредена општина, подобра услуга и општина што е достапна и подготвена да помогне – рече Ѓорѓиевски.

Истакна дека делегацијата го препозна ЗЕЛС како силна и обединета организација, која успешно ги застапува интересите на локалните власти, што претставува признание за заедничката работа, но и поттик да се продолжи уште попосветено.