Атанас Николовски е победник на првата сезона на „Танц со ѕвездите“.
„Возбуден сум и пресреќен, се чувствувам исто како да сум победил на светско првенство! Навистина воопшто не ја очекував оваа победа кога пред неколку месеци одлучив да бидам дел од шоуто. „Танц со ѕвездите“ беше едно прекрасно доживување за мене, научив многу и од ова шоу излегувам не само како победник, туку и како личност побогата со едно ново прекрасно и вредно искуство. Особено сум и благодарен на мојата партнерка која вечерва го доби најубавиот роденденски подарок, а неизмерно им благодарам на фановите кои во текот на емисиите не прекинаа да го наградуваат мојот труд со својата безрезервна поддршка“, - изјави победникот на шоуто Атанас Николовски.

Од самиот почеток на мега - популарното шоу на МТВ, кајакарот и неговата партнерка Јована Василева се наметна како фаворити на публиката и на судиите, а така остана и низ сите емисии кои следуваа. На крајот Атанас ја понесе титулата за најдобар танчер меѓу ѕвездите во овогодинешната сезона.

Финалистите на шоуто одиграа по три танци. Ја отворија вечерта со англиски валцер, за на крајот да ја воодушеват публиката со своите омилени точки, кајакарот блесна во танцот кој изобилуваше со етно македонски мотиви, а лото девојката ја изрази својата моќ преку хип хоп танц.

Финалната емисија која изгледаше навистина светски и гламурозно, беше зачинета со настапите на хрватската ѕвезда Даниела Мартиновиќ, нашата дива Калиопи и еден од учесниците во шоуто, пејачот Александар Белов. Освен нивните настапи, водителот на популарното шоу, Тони Михајловски ги покажа на подиумот своите танчерски способности заедно со танчерката Симона Веселиновска, а актерката Јелена Јованова, за последен пат ја остави публиката без здив кога со својот партнер им го даде на своите фанови она што им го должеше, танц, во кој го вложи максимумот од себе.

Продуцентите на „Танц со ѕвездите“ честитајќи им ја победата на Атанас и Јована, најавија уште една сезона која ќе започне оваа есен, а се очекува да биде исто толку возбудлива и гламурозна како и оваа што измина.
Средствата кои беа собрани од гласањето ќе бидат донирани во Дом за доенчиња и мали деца од Битола.