Кинескиот научник професорот Гао Чоу успеал да ја произведе најлесната супстанца некогаш забележана во историјата – јаглероден аерогел.
Јаглеродниот аерогел не е како нешто што го знаете досега, но истражувањата на професорот Гао покажале дека оваа супстанца може да биде решение за еден од најголемите светските проблеми – загадувањето.
“Научници на Жејианг Универзитетот развија вид на ултра лесен материјал наречен јаглероден аерогел. Оваа цврста материја има густина од само 0,16 мг/кубни сантиметри, една шестина од онаа на воздухот. Засега е најлесниот материјал во светот“, соопштиле од Универзитетот.
Јаглеродниот аерогел е составен од гранитни и јаглеродни нанотуби. Флексибилната супстанција може да апсорбира дури 900 пати повеќе од својата тежина.
„Екстремната сунгереста способност и фактот дека состои 99 отсто слободен простор, може да направи голема разлика при чистење на нафтени дамки, вели Гао.
Токму оваа супстанца, наведува Гао, може да помогне во ситуации како онаа во 2010 во Мексиканскиот залив кога огромни количества нафта се излеа во морето од платформа за експлотација на нафта на „Бритиш петролеум“.