Менструални болки и како до нивно ублажување

Доктори.мк

11/03/2013

15:36

17.965

Големина на фонт

а а а

Многу жени се соочуваат со менструалната болка,особено кога се во нивните тинејџерски години. Во повеќето случаи менструалната болка не се смета за сериозен проблем иако понекогаш истата може да биде поврзана со еднометриоза или неканцерогени тумори на матката.

Медицинскиот термин за менструалната болка е примарната дисменореја која започнува 2-3 години по првиот период,кога жената почнува да овулира нормално.

Болката обично започнува еден или два дена пред менструалниот циклус и може да продолжи преку првите 2 дена од почетокот на менструалниот циклус. Многу често болката се намалува кога жената старее или пак кога ќе се породи.

Секундарната дисменореа e предизвикана од основните услови како што се ендометриозата и пелвичната инфламаторна болест.

Знаци и симптоми

Симптомите и степенот на болка се разликуваат, но најчесто тие го вклучуваат следново:

■ Абдоминални грчеви или постојана болка која се шири кон грбот и нозете

■ Тежок менструален циклус

■ Главоболка

■ Гадење

■ Дијареа или запек

■ Често уринирање

■ Повраќање

Како до ублажување на болната менструација

Домашна нега

Домашната нега ќе ви помогне да ја намалите болната менструација. Практикувајте ги следните совети:

■ Ставете топла облога на долниот дел од стомакот

■ Пијте топли пијалоци

■ Јадете овојше и зеленчук, јаткасти плодови а избегнувајте алкохол, кофеин и шеќер

■ Чувајте ги вашите нозе покриени додека лежите или легнете на страна со свиткани колена

■ Практикувајте техники на релаксација како јога или медитација

■ Конзумирајте витамин Б6,калциум,магнезиум,

■ Редовни прошетки ли вежби вклучувајќи ги карличните лулка вежби

Доколку овие совети не ви помогнат обратете се кај својот матичен лекар кој ќе ви препише соодветна терапија за намалување на вашата болка.

Автор: Ивана Ковачевска, студент по медицина