Според првичните пресметки за 2012 година, Групација Триглав, најголемото осигурително друштво во регионот Адриа, објави добивка пред оданочување во износ од 89,7 милиони евра и нето добивка од 73,2 милиони евра.
Проценетата нето добивка е 54% повисока од остварената добивка во 2011 година, како и 22% повисока од планираното ниво. Во 2012 година, бруто полисираните премии во договори за осигурување и соосигурување достигнаа 936,3 милиони евра или 5% помалку во споредба со 2011 година. Преку подобрениот комбиниран количник (проценет на 89,6% или 0,5 проценти поени повеќе во споредба со 2011 година) и натамошниот пораст на капиталот, Групацијата Триглав продолжува да ја зацврстува својата положба на водечко осигурително-финансиско друштво во регионот и покрај отежнатите економско-финансиски услови.
Со фокусот на основната дејност во осигурување и профитабилност во 2012 година се постигна балансирање на неповолните услови за деловно работење со што се одржа висока финансиска стабилност која резултираше со рекордно висока добивка за Групацијата Триглав, како и за Заваровалница Триглав. Објавената добивка на Групацијата Триглав пред оданочување изнесува 89,7 милиони евра, а нето добивката достигна 73,2 милиони евра, додека добивката пред оданочување на Заваровалница Триглав изнесува 65,6 милиони евра, а нето добивката 50,4 милиони евра.
Продлабочувањето на економската криза влијаеше врз вкупните полисирани премии на Групацијата Триглав, кои се намалија како последица на намалената побарувачка за одредени осигурителни производи што се должи на послабата економска активност, намалувањето во извозот и увозот, стечајот на многу компании, намалената куповна моќ на домаќинствата, зголемената невработеност и намалениот обем на банкарско зајмување. Со зголемената ценовна конкурентност на пазарот за осигурување моторни возила и последователните приспособувања на осигурителните услови и рокови се намали обемот на полисирани премии во осигурувањето моторни возила. Се проценува дека бруто полисираните премии во договори за осигурување и соосигурување на Групацијата Триглав во 2012 година изнесуваа 936,3 милиони евра во 2012 година, односно 5% помалку во споредба со 2011 година, додека кај Заваровалница Триглав истите изнесуваа 647,6 милиони евра, односно 7% помалку во споредба со минатата година.
Друштвото проценува дека кај комбинираниот количник (мерка за профитабилност во основната осигурителна дејност) се забележува подобрување во споредба со 2011 година. На ниво на Заваровалница Триглав, истиот изнесува 81,4% (наспроти 83% во 2011 година), а на ниво на Групацијата Триглав изнесува 89,6% (наспроти 90,1% во 2011 година).
Состојбата на пазарот на капитал имаше значително влијание врз остварените резултати од работењето во 2012 година. И покрај конзервативната политика за инвестирање на Групацијата Триглав, глобалната финансиска криза придонесе за намалување на вредноста на одредени портфолио инвестиции, а како последица на тоа и за намалување на добивката. Според првичните пресметки на Групацијата Триглав, трајното ослабување на финансиските средства изнесуваше 43,7 милиони евра. Добивката на крајот од годината исто така негативно се одрази преку загубите како резултат на сопственоста на грчки хартии од вредност поради влијанието на унилатералното отпишување на грчкиот владин долг.
И покрај неповолната економска и финансиска состојба во Словенија и регионот, Групацијата Триглав дополнително ја зајакна капиталната положба. Вкупната вредност на капиталот на Групацијата Триглав на 31.12.2012 година достигна 574,6 милиони евра што претставува 17% повеќе во споредба со крајот на 2011 година.
Проценетите бруто решени штети во 2012 година изнесуваа 613,8 милиони евра и изнесуваа 3% повеќе во споредба со 2011 година. Ова се должи на исплатите поврзани со делот животно осигурување, каде бруто настанатите штети се зголемени за 16%. Бруто платените штети од Заваровалница Триглав во 2012 година беа на истото ниво како и во 2011 година (416,7 милиони евра).
Проценетите бруто штети платени од Групацијата Триглав се намалени за 5% на 299,4 милиони евра првенствено како резултат на вклучувањето на нови неосигурителни друштва во Групацијата, при што тие што беа платени од Заваровалница Триглав се намалија за 2% во споредба со 2011 година и достигнаа 160,9 милиони евра.
Согласно со проценките, бруто осигурителните резерви на Групацијата Триглав достигнаа рекордно високо ниво на крајот од 2012 година и изнесуваа вкупно 2.305,3 милиони евра (пораст од 3% во 2011 година).
„Првичните годишни резултати за 2012 година покажуваат дека и покрај тешката состојба, Триглав одржува стабилна капитално основа и остварува стабилно работење и профитабилност. Со посветеноста на основната осигурителна дејност и со прудентното управување со деловни и финансиски ризици во доста неповолно окружување, Триглав продолжува со зголемување на добивката на рекордно високо ниво од 2009 година наваму. Приносот на капитал во 2012 година беше уште повисок во споредба со периодот пред кризата во 2006 година. Покрај тоа, присутно е значително подобрување кај комбинираниот количник што е јасен показател за успешната основна дејност на Заваровалница Триглав. „Првичните резултати јасно покажуваат дека успешно се приспособуваме на тешките услови за деловно работење и дека се оптимализира работењето дури и во најтешки периоди. Оваа година планираме мерки за стабилизирање на нивото на премии и за натамошно зголемување на профитабилноста.“, изјави Матјаж Раковец, Претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав.
Во согласност со Финансискиот календар, Заваровалница Триглав ќе објави неревидирани финансиски извештаи за 2012 година кои ќе бидат неконсолидирани и консолидирани. Тоа се планира за среда, 6.3.2013 година, а објавувањето на ревидираниот Годишен извештај на Заваровалница Триглав и Групацијата Триглав за 2012 година се планира за петок, 29.3.2013 година.