Временската прогноза за утре најавува сончево и топло време со максимална температура до 34 степени, со локална појава на нестабилност попладне со пороен дожд и грмежи. Во некои делови, особено во Скопје, ќе има услови за локално невреме со засилен ветер и појава на град.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на локално невреме. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.
УХМР за во четврток најавува на повеќе места нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето.







