За игнорирање на еден знак казна од 350 евра и одземање на дозволата: Грците веќе не простуваат, внимавајте

Точка

26/05/2026

15:15

1.508

Големина на фонт

а а а

Грција пред туристичката сезона ги заострува контролите во сообраќајот, а возачите кои не го почитуваат знакот за отстапување првенство на минување ги очекуваат драконски казни.

Ако во наредниот период патувате со автомобил во Грција, имајте предвид дека покрај заострениот закон за безбедност во сообраќајот, Грците ги засилија и контролите на одредени сообраќајници пред туристичката сезона, сѐ со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

За непочитување на еден знак на раскрсница или кружен тек, на кој често и не се обрнува внимание, казните се драконски, но не е само паричната казна во стотици евра — се одзема и возачката дозвола, и тоа на еден месец!


Грција неодамна презеде значајни мерки за ограничување на опасното однесување во сообраќајот, засилувајќи го полицискиот надзор и заострувајќи ја казнената рамка за оние што ги прекршуваат основните сообраќајни правила.

Новиот Закон за безбедност на патниот сообраќај исто така игра важна улога во овие напори, бидејќи се воведени повисоки казни и построги санкции за прекршоците што се сметаат за особено опасни за безбедноста на патиштата, пишува грчкиот сајт „Carandmotor“.

Најголемиот фокус е ставен на најопасните и најчести прекршоци, како што се пречекорување на брзината, користење мобилен телефон за време на возење, поминување на црвено светло и непочитување на знакот „стоп“.

Многу возачи го превидуваат овој знак

Сепак, посебно внимание сега се обрнува и на уште еден основен сообраќаен знак — знакот за отстапување првенство на минување, кој секојдневно се гледа во сообраќајот, но на кој многу возачи не му обрнуваат доволно внимание.

Овој сообраќаен знак има карактеристичен изглед. На раскрсницата каде што е поставен, овој знак означува наредба до возачот дека мора да им отстапи првенство на возилата што се движат по патот на кој тој наидува.


Знакот е препознатлив по својата форма — превртен триаголник — и боја, и претставува клучен дел од системот на сообраќајна сигнализација, бидејќи дефинира кој има право на првенство на минување на раскрсница.

Казна од 350 евра и одземање на возачката дозвола

Со други зборови, кога возачот ќе наиде на знак за отстапување првенство на минување, тоа значи дека на раскрсницата пред него мора да им даде предност на возилата што се движат по главниот пат.

Во случај на непочитување на овој знак, новиот Закон за патен сообраќај во Грција предвидува казна од 350 евра, како и одземање на возачката дозвола и регистарските таблички во период од 30 дена, пишува сајтот „Carandmotor“.