Паметен и практичен – Андроид рачен часовник

Точка

12/01/2013

01:45

4.407

Големина на фонт

а а а

Мислевме дека за рачен часовник е доволно да го покажува времето, но овој часовник ќе врши многу повеќе работи од тоа.

СЕЅ 2013 саемот донесе, како и секоја година, еден куп направи кои сеуште не се знае дали ќе се користат, а брановите кои го покрија Лос Анџелес донесоа и паметен Андроид рачен часовник од новата генерација.

Иако личи на претходната генерација на Ајпод плеерите, овој часовник всушност е втора генерација на I’m watch уредите на компанијата Пебл, и има Андроид 2 оперативен систем. Необичниот Андроид 2 ОЅ Пебл компанијата го произведува сама и го направила со прилагодување на класичниот Андроид ОЅ систем.

Кога е поврзан преку блутут со паметен телефон, овој часовник овозможува обавување на телефонски повици, размена на СМС и ММС пораки и интеракција на Твитер и Фејсбук мрежите. Доаѓа со апликациите Време, Берза, Новости, па дури и прилагодена верзија на Инстаграм за квадратен екран и резолуцијата која ја има.

Некои од апликациите се само за ваквите уреди, и како и апликациите за класичен Андроид се наоѓаат на посебна Marketplace продавница, на која се пристапува преку интернет.

Цената на часовникот е повисока од 20.000 денари, а го има во три варијанти – стандардна, унапредена и разубавена (модерна).