Актерот Џони Деп со филмското студио „Дизни“ ќе сними модерна преработка на безвременскиот литературен хит „Дон Кихот“.
Адаптацијата на овој калсичен роман, Џони Деп ќе го продуцира со компанијата „Инфинитиум Нихил“ која ја води со својата сестра Кристи Дембровски, пишува Entertainment Weekly. Џеф Морис и Стив Пинк заедно ќе го напишат сценариото за филмот базиран на книгата на Мигел Де Сервантес од 17-от век.
„Дон Кихот“ порано беше поврзуван со Тери Гилиам и неговото неуспешно адаптирање на овој роман за големите платна.
„Инфинитиум Нихил“ до сега продуцирале неколку филмови на Деп, вклучувајќи го и „Dark Shadows“, „The Rum Diary“, и претстојниот „Lone Ranger“.