Тотално затемнување на сонцето

Точка

14/11/2012

15:58

4.355

Големина на фонт

а а а

Жителите на северна Австралија можеле во живо да го следат тоталното затемнување на сонцето, а сите останати можеле само да следат пренос на интернет.

Иако помрачувањето траело се’ на се’ две минути, преку илјада туристи, научници и аматери од сите страни на светот присуствувале на помрачувањето.

Затемнувањето се случило денес во утринските часови, на 14 ноември, по локално време.

Затемнувањето својата 150 километри долга сенка ја фрлило најпрвин на северната територија, а понатаму преку североисточната територија се’ до истокот и Јужниот Пацифик.

Делумно затемнување било видливо и во источна Индонезија, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја и јужните делови на Чиле и Аргентина.