„Овие мустаќи можат да загреат четиричлено семејство во зима“, „Партијата сега има неверојатна шанса. Ставете ги неговите мустаќи како лого и гледајте како напредува“, „Осигурајте ги овие мустаќи“, се шегуваат корисниците на социјалните мрежи …
„Најдобрите мустаќи во историјата на мустаќите“, „Пола човек, пола мустаќи“, „Неговите мустаќи ме гледаат во душа и гледаат сè“, „Е ова се мустаќи, друго не признавам“, „На човекот му пораснало лице околу мустаќите“, „Што се крие зад мустаќите?“… пишуваат корисниците на социјалните мрежи, коментирајќи ги мустаќите на турскиот политичар Орхан Авџи.
Тој неодамна беше именуван за окружен претседател на партијата Huzur Partisi (Партија на мирот) во округот Карлиова. Станува збор за рутинско именување, но поради импресивните мустаќи на господинот Авџи, објавата стана вирална.

„Овие мустаќи можат да загреат четиричлено семејство во зима“, „Партијата сега има неверојатна шанса. Ставете ги неговите мустаќи како лого и гледајте напредок“, „Осигурајте ги овие мустаќи“, продолжуваат шегите на социјалните мрежи.
Објавите поврзани со господинот Авџи и неговите мустаќи ги преплавија социјалните мрежи, а само на „Twitter“, односно „X“, некои од нив собраа и по неколку илјади „лајкови“.







