Импресивни кралски палати во кои денес "одекнува" тишината!

Точка

05/10/2012

18:32

4.358

Големина на фонт

а а а

Кралските палати некогаш биле преполни со дворски жители и аристократи, а кралевите не ги жалеле парите за украсување на своите импозантни домови.

Во салите биле организирани вечери и балови, а библиотеките биле место каде што кралевите го барале сопствениот внатрешен мир, каде што читале книги и ги одржувале состаноците. Денес, овие палати ширум Европа се исполнети со тишина.

Италијанскиот фотографи Масимо Листри патувал низ Португалија, Шведска, Француска, Германија, Италија и многу други европски земји, се со цел да ја фотографира внатрешноста од палатите кои со својата убавина сведочат за некое одамна поминато време на луксуз, забава, елеганција и култура.

Наместо со луѓе, денес овие места се исполнети со тишина. Изгледаат грандиозно, сериозно и пусто.