Во одлична филмска атмосфера, вчера доцна попладне заврши снимањето на првиот интерактивен патеписен филм во Македонија „Мove On“.
Филмот во изминатите два дена се снимаше на неколку различни локации во Националниот парк Маврово. Првиот ден, филмската екипа на чело со режисерот Асгер Лет, снимаше карди на вештачкото езеро Глобочица, додека вториот ден во селото Ничпур и неговата околина.
Главните улоги во „Move On“ им се доверени на познатиот холивудски актер со данско потекло, Мадс Микелсен („Казино Ројал“, „Тројца мускетари“, „Чудовишта наспроти Вонземјани“ и „Судирот на титаните“) и словачката актерка во подем Габриела Мерцинкова. Филмот е под режисерска палка на режисерот Асгер Лет („Духовите на Cite Soleil“, „Човек на работ“) и сценаристот Мет Гринхалг („Контрола“, биографски филм за фронтменот на Joy Division, Иан Куртис).
Но, во снимањето на возбудливите сцени од филмот „Move On“ покрај Мадс Микелсен, со споредни улоги се појавија и десеттмина Македонци кои како корисници на T-Home и T-Mobile учествуваа со свои предлози во креирањето на овој интерактивен филм, којшто е поддржан од Дојче Телеком Групацијата.
„Процесот на работата беше навистина возбудлив, но истовремено и многу напорен бидејќи целата приказна започнавме да ја снимаме во Холандија“, изјави режисерот Асгер Лет за време на последниот ден од снимањето во околината на Маврово. Тој вели дека Маврово воопшто не бил случаен избор на локација за снимање на филмот во Македонија.
„Природата која ја затекнавме овде е фасцинантна, нешто што досега го немам видено, а и самата близина до Скопје ме натера да се заддржиме во овој регион“ истакна Лет, кој што не го криеше своето задоволство од текот на снимањето во нашата земја.
Снимањето на „Move On“, кое што започна на 13-ти јули во Амстердам, продолжува. Од денеска филмската екипа се сели во Германија, поточно во Берлин каде се очекува до крајот на август да се завршат последните сцени од патеписниот филм.
Приказната на „Move On“ се фокусира на патувањето на еден човек низ различни предели на Европа и неговата мисија да испорача еден мистериозен сребрен куфер и да го заштити по секоја цена, со помош од луѓето во секоја земја. Па така, во креирањето на интерактивниот филм учествуваат вкупно 11 држави, меѓу кои и Македонија, како што се Холандија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска Црна Гора, Германија, Албанија, Бугарија и Чешка. На овој начин, секоја од државите каде е присутен Т брендот, заедно со корисниците стануваат дел од една неповторлива авантура, што е дел и од бренд филозофијата на Дојче Телеком Групацијата „Сподели доживување“.