Машката Г точка: Патот до најсилниот оргазам

Точка

23/04/2012

10:44

19.956

Големина на фонт

а а а

Знаевте ли дека и мажите имаат Г точка? И повеќе од тоа. Произведувачите на играчки за возрасни изработиле и посебен вибратор наменет за стимулација на машката Г точка. И, како да ја пронајдете?

Каде е машката Г точка?

Ако сеуште не знаевте, машката Г точка е простатата. Тоа е жлездата која се наоѓа отприлика пет до седум сантиметри од анусот, на предната страна на аналниот канал и непосредно под мочниот меур.

Иако нејзината основна задача е производство на семенската течност и лачењето на истата, простатата не допринесува само за репродукција на мажот, туку може да го доведе и до самиот врв.

Масажата и допирањето на простатата некои мажи може да ги доведе до најсилниот оргазам што го доживеале до сега.

Како до оргазмот од соништата?

Простатата можете да ја стимулирате на два начина: лесна масажа на перинеумот или низ анусот. За да ви дозволи партнерот да ја стимулирате простатата на тој начин морате најпрво да се погрижите и двајцата да бидете доволно опуштени и подготвени за авантура. Без голем степен на доверба и позитивен однос, до играта од тој вид едноставно нема да дојде. Ако сето тоа го имате, тогаш можете да го пробате на начинот кој вас ви се чини како најдобар.

Како да започнете?

Можете да почнете со орално стимулирање на неговиот анус, а можете и со прсти ако ви е така подобро.

Ако се одлучите за стимулација на простатата со прсти, чувствителната кожа потребно е да ја заштитите од повреди предизвикани од острите рабови на ноктите. Освен тоа, се препорачува и употреба на лубрикант на водена база кој овозможува безболна анална пенетрација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг