Ибра: Татко ми си ја имаше "чашката", војната и ЈУ музиката

Точка

25/02/2012

16:46

6.299

Големина на фонт

а а а

Големо внимание привлече автобиографијата на шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимович: " Јас сум Златан".

Еден од најдобрите светски фудбалери, чие потекло е од Босна и Херцеговина, во својата автобиографија, споменува многу детали од својот живот, а посебно интересни се оние кои потекнуваат од неговото детство.

Ибрахимович во книгата го опишува односот со својот татко Шефик, кој како граѓанин на Југославија, емигрирал во Шведска. Напаѓачот на Милан, открива дека во детството и младоста, неможел во целост да го разбере својот татко, и поради тоа често имале несогласувања.

"Сам се грижев за себе додека бев дете, околу мене немаше никој, апсолутно никој. Мојот татко не беше како другите. Не ги гледаше моите натпревари, ниту ме охрабруваше додека се образував. Он си ја имаше своја "чашка" своја војна и својата ЈУ музика", напиша Ибракадабра во книгата, чии делови ги пренесува "Дневни аваз".

Во еден дел опишува, како изгледало кога неговиот татко за прв пат гледал негов натпревар:

" Не можев да верувам! Овој човек овде, беше вистински татко. Дојде да го гледа натпреварот, а јас бев целосно вџашен! За тоа сонував, и почнав да играм со некоја дополнителна сила... татко ми е овде!!! Гледај ме , сакав да викнам. Мислам дека тоа е еден од моите најголеми моменти. Ми се врати. Не дека и порано не го имав, но вака... Беше тоа нешто сосем ново".

Првиот клуб на Златан бил МБИ Малме, а подоцна преминал во ФК Балкан, каде тренерот му бил Босанец. Тогаш ја сфатил разликата меѓу балканскиот и шведскиот менталитет.

"Во МБИ Малме, шведските родители гледаат и довикуваат: Ајде момци! ДОбро е. Во Балкан беше сосема различно: Је... ти мајку у п....! Си помислив: Одлично исто како дома. Овде ми е супер."

Автобиографската книга на Ибрахимович, е напишана со помош на новинарот Давид Лагрекранц, и е објавена на 9. ноември, минатата година. За само два дена биле продадени повеќе од 50.000 примероци.