ФОТО: Прашања на кои ни возрасните не им ги знаат одговорите

Точка

27/01/2012

15:49

5.699

Големина на фонт

а а а

Истражувањето покажало дека три четвртини од возрасните не ги знаат одговорите на некои прашања кои изгледаат толку едноставни, додека пак дури една третина ги лажат децата за да го сокријат тој факт.

Зошто Месечината некогаш се гледа и преку ден?

Одоворот е многу едноставен. Месечината околу земјата се врти потполно независно од положбата на Сонцето, затоа е еднаква веројатноста дека на нашето небо ќе се појави и преку ден исто како и преку ноќ.



Зошто небото е сино?

Светлината која ни доаѓа од Сонцето се состои од многу различни бои, светлината до нас патува во облик на светлосни бранови, а секоја боја има своја единствена бранова должина. Виолетовата и сината имаат пократки должини, додека црвената има подолга, а останатите бои се сместуваат помеѓу тие две екстреми.

Кога различните бои на светлина поминуваат низ Земјината атмосфера се судираат со молекулите на вода или прашина. Бидејќи тие честички се по големина многу поблиски до кратките бранови должини, затоа се создава плавата боја која ја гледаме на небото.



Колку е тешка Земјата?

Ни на ова прашање не е возможно да се одговори без физика. Чисто технички кажано, бидејќи Земјата во вселената се наоѓа во константна состојба на слободна паѓање, нејзината реална тежина е рамна на нула. Од друга страна можеме да зборуваме за Земјината маса - Земјата има маса од 5,96 x 1024 килограми - што е отприлика еднакво на стотина милиони милијарди бродови како Титаник.