Црвено метеоролошко предупредување во Грција поради невремето „Аргос“

Макфакс

29/11/2026

11:50

130

Големина на фонт

а а а

Грчките власти издадоа црвено предупредување поради невремето Аргос, кое ќе донесе силни дождови и ветрови во повеќе региони, вклучувајќи ја Атика и Егејското Море.

Грчките власти издадоа црвено метеоролошко предупредување за повеќе региони во земјата поради невремето „Аргос“, кое денеска се очекува да донесе обилни дождови, грмежи и силни ветрови.

Предупредувањето ги опфаќа Атика, каде што се наоѓа Атина, Евија, Спорадите, Лариса, Магнезија, Беотија и Фтиотида. Во текот на денот невремето се очекува да се прошири и кон делови од Пелопонез.

Особено силни ветрови се прогнозираат во Егејското Море, каде што налетите на северен и североисточен ветер би можеле да достигнат до 10 бофори, што претставува исклучително силен ветер.

Жителите на неколку региони уште во саботата добиле предупредувања преку системот за итни известувања 112, соопшти грчкиот јавен сервис ЕРТ.