Облачно и студено, со повремени врнежи од снег

Макфакс

29/11/2026

08:00

228

Големина на фонт

а а а

Утре во Македонија се очекува облачно и студено време со повремени врнежи од снег, локално мешани со дожд во пониските области долж Повардарието, со умерен северен ветер и температури што ќе се движат од минус три до шест степени.

Облачно и студено време, со повремени локални врнежи од снег, се очекува утре во Македонија. Во пониските места долж Повардарието ќе има врнежи од дожд и снег, а кон крајот на денот тие ќе престанат.

Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од минус три до четири степени, а максималните ќе достигнат од минус еден до шест степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од минимални нула до максимални два степена.