Избирачите одлучуваат за законските измени што отворија дебата за швајцарската неутралност.
Во Швајцарија денес се одржува референдум за измените на законот што го регулира извозот на воена опрема. Парламентот ги одобри измените минатата година со поддршка од Владата.
Како што пренесува Ал Џезира, владата го образложи предлогот со променетата безбедносна состојба во Европа од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Левичарски партии и хуманитарни организации собраа поддршка за референдум, оценувајќи дека измените би можеле да ја поткопаат неутралноста.
Седиштето на швајцарскиот парламент во Берн, архивска фотографија. Фото: Florian Hirzinger / Wikimedia Commons · CC BY 3.0
Избирачките места се затвораат напладне, по швајцарско време, а првите резултати се очекуваат потоа. Голем дел од избирачите гласале однапред по пошта.






