Два авиона на „Американ ерлајнс“ се допреле со крилата во петокот, на 27 ноември, додека се движеле по земја на националниот аеродром „Роналд Реган“ кај Вашингтон. Инцидентот го потврди Федералната управа за авијација на САД.
Два авиона на „Американ ерлајнс“ се допреле со крилата во петокот, на 27 ноември, додека се движеле по земја на националниот аеродром „Роналд Реган“ кај Вашингтон. Инцидентот го потврди Федералната управа за авијација на САД, објави Вашингтон пост.
Според извештајот, едниот авион се движел кон полетување за Далас кога со крилото го допрел другиот, кој бил подготвен за лет до Чикаго. Инцидентот се случил нешто по 17 часот по локално време.

Терминалот на аеродромот „Роналд Реган“, архивска фотографија. Фото: Baron Maddock / Wikimedia Commons (CC BY 4.0)
Авиокомпанијата соопшти дека нема повредени. Двата авиона се вратиле на излезите за патници и биле повлечени од сообраќај за технички преглед.








