Освои два „Оскари“, а денес „му се моли“ на Бог да добие барем некаква улога: Славниот актер проговори за проблемите во Холивуд

Точка

28/11/2026

12:15

193

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Махершала Али проговорил за својата кариера и открил дека не му е лесно да најде нови улоги и покрај тоа што освоил два Оскари.

„Има повеќе добри актери отколку добар материјал“, изјавил тој во поткастот „7PM in Brooklyn“.

Али, најпознат по улогата во филмот „Moonlight“, додал дека актерите дури и не се натпреваруваат за исти улоги, туку дека само „малкумина исполнуваат одредени критериуми“.

Актерот истакнал и дека „во огромното мнозинство проекти што добиваат зелено светло, за него нема улоги“.


„Значи, не е важно дури и да имам 17 Оскари. Ако некој не пишува нешто конкретно за тебе или не одобрува проект имајќи те тебе предвид, тогаш си како и сите останати – чекаш, гледаш и бараш“, рекол Али, кој истакнал дека актерите можат да ги преземат работите во свои раце и да продуцираат сопствени проекти. Меѓутоа, тоа може да трае со години.


Махершала во текот на својата кариера глумел во многу наградувани филмови, меѓу кои и „Green Book“ од 2018 година, за кој освоил Оскар во категоријата за најдобар спореден актер.

За својата споредна улога во филмот „Moonlight“ од 2016 година, исто така, освоил Оскар. Во 2019 година, Али бил најавен како новиот Блејд во истоимениот филм, но долгоочекуваниот проект на „Марвел“ бил обележан со одложувања, креативни преработки и заминувања на режисери, пред да биде откажан претходно оваа година.