Кинеска компанија претстави прототип на летечки автомобил што може да се движи по обични патишта, но и да полета без крилја и класична писта.
Едноседното возило го развила компанијата „Zhongfei Chuangzhi Manufacturing“ од кинеската провинција Гуангдонг, а првите тестирања во воздух веќе се извршени.
Компанијата објавила фотографии од прототипот за време на лет без пилот над аеродромот Каихуи Џенерал во Чангша, во соседната провинција Хунан. Возилото било прикажано и при возење по пат, со што била демонстрирана неговата двојна намена.
За разлика од традиционалните летала, овој модел нема крилја. Наместо нив, користи четири вентилатори сместени во посебни канали во каросеријата, кои го потиснуваат воздухот надолу и така ја создаваат силата потребна за подигнување на возилото.
Со менување на насоката на потисокот може да се контролираат наклонот и движењето на леталото. Ваквата конструкција овозможува вертикално полетување, лебдење и слетување, без потреба од писта. По слетувањето, возилото може да продолжи да се движи како класичен автомобил.
la Chine lance sa «voiture volante» sans ailes et réalise un essai concluant
Un prototype monoplace, développé par l'entreprise Zhongfei Chuangzhi Manufacturing (Shenzhen), a effectué son premier vol le 21 novembre 2026 à Changsha (sud-est de la Chine).
❇️Vitesse maximale dans les airs: 150 km/h
❇️Vitesse maximale au sol: 80 km/h
❇️Altitude maximale: 3.000 m
❇️Altitude opérationnelle: 100 m
❇️Autonomie: environ 300 km.
— Nonobob (@NonoAlfmartien) November 23, 2026
Брзина до 140 км/ч
Според компанијата, првиот пробен лет на прототипот бил успешно изведен, а веќе следниот ден следувале дополнителни тестирања на друга локација во градот Јијанг, исто така во провинцијата Хунан.
Претставник на компанијата навел дека максималната полетна маса на возилото изнесува 280 килограми, вклучувајќи носивост до 120 килограми.
Декларираните перформанси се прилично интересни за ваков тип летало. Во воздух би требало да може да достигне брзина од околу 140 км/ч, додека максималната брзина на пат е ограничена на 80 км/ч.
Производителот наведува и максимален долет од 300 километри, како и можност за достигнување височина од три километри. Сепак, при вообичаени летови се очекува возилото да се движи на височина од околу 100 метри.
Засега станува збор за експериментален прототип, па наведените спецификации се податоци што ги објавила компанијата, а не независно потврдени резултати за сериско возило. Датумот на евентуалниот почеток на производство и комерцијална продажба не е објавен.











